Пријави се за ССО обука
Не ти се чека ССО да стане изборен предмет во сите училишта? Не чекај – пријави се за ССО обука!
Заследи ја ХЕРА преку Фејсбук или Инстаграм за да не го пропуштиш следниот повик или пиши ни на seksualnoobrazovanie@hera.org.mk.
Неформалните едукации за сексуално образование може да бидат училишни и викенд-едукации. Училишните се случуваат во самото училиште, на барање на училиштето, и траат 21 ден.
Ако сакаш да бидеш дел од викенд-едукација, пиши ни и дојди самоиницијативно ако имаш над 18 години или со согласност од родител/старател ако уште немаш 18 години. Викенд-едукации држиме и во урбани и во рурални средини низ земјата, и на македонски и на албански!
Плус, штом поминеш обука за ССО, можеш да станеш дел од младинската група ХЕРА Млади која брои над 75 волонтери и врснички едукатор(к)и! А ако сакаш, можеш да ѝ се приклучиш уште веднаш, само потполни ја пристапницата.
„ Бидете дел од ХЕРА Млади. Бидете глас на младите, подигнете ја свеста кај младите, едуцирајте ги другите за
репродуктивното и сексуалното здравје. И вие можете да бидете дел од промената. Преку ХЕРА Млади вашиот
глас ќе биде слушнат – во име на правата и здравјето, во името на младите.“
– Бесарт Арифи, едукатор и волонтер
„Зошто ХЕРА Млади? Затоа што ХЕРА Млади се најдобрата младинска група во Македонија, па можеби и пошироко.
Затоа што ќе научите многу нови и интересни работи, како и прекрасни животни лекции. Затоа што
ќе се забавувате, дружите, а ќе имате и можност креативно да се изразите и да се вклучите во
многу активности, кои подоцна може да ви отворат и многу врати пошироко. И најважно од сѐ,
затоа што ХЕРА Млади не се само младинска група – ХЕРА Млади се семејство.“
– Ангела Александровска, едукаторка и волонтерка