Факт:
Според евалуацијата што ХЕРА ја направи во средните училишта уште во 2015 година, ССО има позитивни резултати: знаењата на средношколците се зголемиле, а ставовите во однос на темите им станале попозитивни.
Во 2020 направивме уште една евалуација и таа ни потврди дека ССО функционира!
Факт:
На Интернет може да се најдат секакви информации, па не може да се каже дека е релевантен извор. Ако поради пристапот до информации на Интернет не треба да имаме ССО во училиштата, тогаш не би требале да ги имаме ни другите предмети.
Ама не е така, нели?
Факт:
63 % од учениците изјавиле дека по биологија учеле за заштита од ХИВ ама само 21 % од нив кажале дека учеле за употреба на кондом. Кондомот е најдостапната заштита од ХИВ денес, па бесполезно е да ги учиме младите за ХИВ и другите СПИ ако не ги учиме како да се заштитат од нив.
Какво фајде имаме ако знаеме што е кондом, а не знаеме како се употребува? Површно, нели? Да не спомнуваме дека сексуалноста е многу повеќе од тоа како се користи кондом.
Факт:
ССО ги учи младите за здравје и за сексуалност, а тоа е многу повеќе од „секс“. ССО ги учи младите за телото и како тоа функционира и како да имаат здрави врски – пријателски и романтични. Преку ССО се учи и за безбедност, почит, љубезност, самоизразување, љубов, вредности, правата што секој од нас ги има за своето тело. ССО им помага на младите да си ги подобрат вештините за комуникација, носење одлуки, поставување и почитување на границите, да бидат емпатични и етични, да знаат како да се справат со одбивање, како да се грижат за своето тело и за своето здравје.
Башка, спротивно на верувањето, ССО помага младите да го одложат стапувањето во сексуални односи токму поради подобрата информираност. ССО исто така ги ослободува младите од притисокот од средината и од нивните врсници да влегуваат прерано во сексуални односи.
Факт:
Не. Сексуалната ориентација е вродена – не се учи ниту, пак, се избира. Од друга страна, насилството поради сексуална ориентација се учи – и мора да се одучи! Независно дали се случува во училишните ходници или онлајн по часовите.
Факт:
Брачниот и семејниот статус не се показател за сексуална писменост. Така, сите деца не се чувствуваат слободно да ги прашаат своите родители сè што ги интересира, па одговорите ги бараат во друштвото и на Интернет. И ги наоѓаат – само што
најчесто се неточни.
Истото важи и за родителите – не сите се чувствуваат пријатно да зборуваат на сите теми со своите деца, неретко и поради тоа што можеби ги немаат сите одговори – од проста причина што растеле без ССО.
Факт:
Сексуалното образование нема за цел да ги промени религиските верувања на децата туку да им помогне да пораснат во одговорни, емпатични и добри луѓе. Родителите од сите вери и религии посакуваат само здравје и добросостојба
за своите деца. А токму тоа може да се
постигне ако младите имаат пристап до
точни информации за своето тело и за начинот на кој тоа функционира и за тоа
како да се грижат за своето здравје, како
да градат здрави врски и како јасно
да ги поставуваат личните граници.
ССО промовира почит, прифаќање, еднаквост и емпатија – вредности што
не би требало да им се далечни и на
најголемите верници.
Инаку, во некои земји со претежно католичка вероисповед на населението, религиозните институции сè повеќе поддржуваат некоја форма на сексуално образование во училиштата. Ова особено стана актуелно поради зголемениот тренд на сексуално насилство и злоупотреба на децата во светот и заради потребата да се заштитат.
Факт:
Родителите се најважната алатка во развојот на децата за време на пубертетот. Токму затоа сексуалното образование нема намера да го замени домашното воспитување ниту да им ги одземе правата на родителите
во едукација на нивните деца.
Напротив, ССО би било продолжена рака на родителите во воспитувањето. Зошто? Па затоа што искуствата покажуваат дека сите деца не се чувствуваат слободно да ги прашаат своите родители сè што ги интересира, па одговорите ги бараат во друштвото и на Интернет. И ги наоѓаат –
само што најчесто се неточни.
Истото важи и за родителите – не сите се чувствуваат пријатно да зборуваат на сите теми со своите деца, неретко и поради тоа што можеби ги немаат сите одговори – од проста причина што растеле без ССО.
Факт:
Сексуалното образование би требало да започне дома уште од најмали нозе. Сексуалното образование почнува
секојпат кога родителите ги почитуваат границите на децата кога велат дека не сакаат да се гушкаат или скокоткаат или кога им ги одговараат прашањата за тоа што е семејство или кога ги учат дека не е само розевата боја за девојчиња.
Кога децата учат за сексуалното здравје и добросостојба на начин соодветен на нивната возраст, тие всушност учат за согласноста, како да се чувствуваат добро во своето тело, што значи да се биде добар другар, како да кажат ‘не‘ кога нешто не им годи, учат за своето тело и здравје.
За да биде квалитетно и ефективно, сексуалното образование мора да ги има предвид развојните фази на децата,
односно да биде прилагодено за секоја возраст. Исто како што и ССО кај нас е соодветно прилагодено за децата
на возраст од 13 до 15 години.
Факт:
Сексуалното образование е подеднакво важно како и секој друг училиштен
предмет – ако не и поважно!
Можеби нема стандардизирани тестови
за да видиме дали сите ученици научиле
сѐ што треба за контрацепција или за согласноста, но неспорно е дека преку
ССО младите добиваат знаења што ќе
им помогнат да живеат здраво и да
имаат здрави врски и односи!
Младите учат да носат информирани
одлуки, да се грижат за своето тело и
да се почитуваат себеси и другите. На општествено ниво, ССО помага да се справиме со зголемената стапка на сексуално преносливи инфекции, дискриминација и семејно и
врсничко насилство.
Факт:
Меѓу младите постојат голем број предрасуди за негативните ефекти од апчињата. Главна причина: недоволната информираност или пристап до инфор-
мации за застарени видови апчиња.
Покрај тоа што ефикасно ја спречуваат непланираната бременост, апчињата имаат и низа други позитивни ефекти: го олеснуваат проблемите со акните, ги ублажуваат симптомите на предменструалниот синдром (ПМС), менструацијата станува редовна, пократка и помалку болна, спречуваат овулација (ги чува јајце клетките), штитат од карцином на ендометриумиот и јајниците, од одредени типови рак на матката, како и од воспаленија што може да се јават на различни места во женскиот репро-
дуктивен систем, а го намалуваат и
ризикот од функционални
цисти на јајникот.
Во секој случај, пред употреба,
задолжителна е консултација и
преглед кај гинеколог.
Факт:
Луѓето со попреченост, како и сите други луѓе, имаат свои уникатни способности, интереси, искуства и аспирации. Тие ги имаат истите законски права како и сите други да живеат заедно, да стапат во брак или да влезат во граѓанско партнерство.
Како и сите други, така и тие може да имаат или немаат потреба од сексуални односи.
И кај лицата со попреченост постојат различни сексуални ориентации и
родови идентитети, како и кај сите други. Асексуалноста може да биде појава,
но не е правило.
Факт:
Абортусот во Македонија е дозволен.
Со новиот Закон за прекинување на бременоста, кој стапи на сила во 2019 година, девојките и жените кај нас можат слободно
и самостојно да одлучуваат дали и кога
ќе имаат деца, имаат право да добијат
стручен совет само доколку самите
побараат и не се присилени да
чекаат 3 дена за да ја добијат
здравствената услуга.
Плус, се воведува правото на медикаментозен абортус.
Факт:
Машките не сакаат постојано да имаат секс. Всушност, како и на женските, така и на машките им се менува сексуалната желба.
Секој сексуален однос не мора да заврши
со оргазам ниту, пак, мора да се има секс
за да се доживее оргазам.
Факт:
Сексуалната желба не е иста со физичкиот одговор. Може да се има ерекција и без сексуална желба, но и обратно, да се
има желба за секс, но да не може
да се постигне ерекција.
Факт:
За врската да биде квалитетна,
потребни се повеќе фактори, од кои
меѓу најважните се комуникацијата и
заемното почитување и исполнување
на сексуалните желби.
Факт:
Во ниту еден случај, никогаш облеката
или однесувањето на девојката не е покана/провокација за силување!
Жртвата на насилство никогаш не е
виновна за насилството што го доживеала.
Едно чудо податоци добиени од центрите
за помош на жртвите потврдуваат дека
начинот на облекување и изгледот на жртвата не се пресудни за силувачот. Жртвите може да се облечени
најскромно и повторно
да станат жртви.
Факт:
Статистичките податоци од истражувањата, центрите за помош на жртвите и полициските извештаи покажуваат дека жртва на сексуален напад може да биде буквално секој без разлика на возраста, класата, етничката припадност, расата
или степенот на образование.
Девојките не се единствените на кои
може да им се случи да бидат силувани,
но точно е дека се под најголем ризик,
што е последица единствено на
родовата нерамноправност.
Факт:
Сексуално вознемирување се и
непожелните пораки со сексуална конотација, сексуални гестикулации, фотографирање или покажување на фотографии од телото со сексуално
значење без согласност, озборување и ширење гласини со сексуална конотација, закани, навредливи коментари со
сексуална содржина…
Факт:
Меѓу силувачите има луѓе од сите професии, екстровертни и интровертни луѓе, богати и сиромашни, луѓе во брак и со деца.
Истражувањата покажуваат дека само незначителен процент од извршителите
на овој насилен чин имаат психички нарушувања или емоционални проблеми.
На сите нив им е заеднички начинот на
кој ја изразуваат потребата за доминација и лутина – преку злонамерно нанесување емоционална и физичка болка на жртвите. Потребата за моќ и за контрола и бесот се главните мотиви за силувањето, а сексуалноста е само начинот
на кој се изразуваат.
Факт:
Истражувањата покажуваат дека
во 90 % од случаите, злоупотребата се
случува во најблиското опкружување и е сторена од лица познати на детето.
Кога злоупотребата е во семејството,
ризикот за децата е поголем – бидејќи
потешко доаѓаат до поддршка и
помош од страна.
Факт:
Училиштата се обврзани со законите и
мораат да имаат познавања од закон-
ските постапки за заштита на децата.
Училиштата се законски и морално одговорни да пријават какво било
кршење на правата на децата, случаи
на злоупотреба или занемарување.
Факт:
Секој има право да се согласи да има секс,
но и да го смени мислењето за време
на сексуалната активност или во натамошната врска кога не е
подготвен или едноставно
не сака да има секс.
Ако денеска се согласите да имате секс,
тоа не значи дека ќе сакате да имате
секс и утре, и тоа мора да се почитува.
Факт:
Ова е често распространета предрасуда
дури и меѓу лицата кои не се хомофобични. Ниту секој хомосексуалец мора да е „феминизиран“, ниту секоја лезбијка
мора да е „машкоданка“ и обратно.
Проценката за туѓата сексуална ориентација
направена врз основа на изгледот може
да предизвика низа недоразбирања.
Ова е и прв знак дека постои можност
ваквиот „експерт“ за „препознавање“ на
луѓето со хомосексуална ориентација
да е неинформиран или да има
предрасуди кон ЛГБТ лицата.
Факт:
Емоциите немаат род.
Човечки е да се чувствуваш тажно, среќно, луто, заљубено, бесно, без разлика на полот или родот. Емоциите можат да зависат
од повеќе фактори како кај мажите, така и
кај жените. Плачењето не нѐ прави
помалку мажи, како што ни ПМС-от
не е секогаш причина поради која
жените се вознемирени.
Искажувањето на емоциите е здраво,
а нивното потиснување може сериозно
да го наруши нашето здравје без разлика
на кој род или пол припаѓаме.
Факт:
Игнорирањето и одобрувањето на лошите постапки на момчињата и замолчувањето или засрамувањето за постапките кај девојчињата уште од мали нозе,
се темелите врз кои почива родово
нерамноправното општество.
Двете постапки се штетни и по
момчињата и по девојчињата.
Факт:
Бременоста се случува кога сперматозоидот ќе ја оплоди јајце-клетката. Во женското
тело се создава само една јајце-клетка месечно, но спермата на машкото содржи околу 200 милиони сперматозоиди.
А доволно е само еден да ја
оплоди јајце-клетката.
Ова може да се случи независно дали сексуалниот однос ти е прв, дали се
случува за време на менструација, дали
избегнувате одредени секс-позиции или дали ќе се истуширате по односот.
Најефективниот начин да се спречи непланирана бременост е да се користи бариерно контрацептивно средство
(кондом) и орална контрапцеција.
Факт:
Мастурбацијата е и безбедна и здрава
сѐ додека ѝ годи на личноста што мастурбира. Мастурбацијата е многу честa и е сосема нормална. Некои
луѓе мастурбираат, некои не.
Како и за сексуалниот однос, така и за мастурбацијата си постои соодветно место и време – на пример, во твојата соба со затворена врата или секаде
каде што е доволно интимно или
каде што се чувствуваш сигурно.
Факт:
Сексуално преносливите инфекции (СПИ) се пренесуваат преку телесните течности (оние што излегуваат од вагината и анусот, претсемената течност,
спермата и крвта), а понекогаш и
преку допир со кожа (пр. херпес).
Најефективниот начин да се спречи пренесување на СПИ е редовно да се тестираш (особено пред да имаш сексуален однос со нов партнер) и редовно да користиш заштита (кондом).
Факт:
Постојат кондоми во различни бои, форми и величини. Важно е да ти е удобно при сексуалниот однос,
па можеби ќе треба да испробаш повеќе брендови додека да
најдеш што најмногу ти одговара.
Со исклучок на апстиненцијата, кондомот е и натаму најефективниот начин на заштита од сексуално преносливи инфекции и непланирана бременост.
Башка, да бидеме искрени:
колку е помал ризикот,
толку е поголемо уживањето!
Факт:
Порнографијата е бизнис кој постои за да прави профит. Прикажува различни верзии од нечија фантазија со измислени ликови.
А ова нема врска со искуствата на луѓето во вистинскиот живот.
Во реалноста, сексуалниот однос подразбира интимност, заемна почит и јасна согласност – нешто
што не постои во порнографијата.
Факт:
Според евалуацијата што ХЕРА ја направи во средните училишта уште во 2015 година, ССО има позитивни резултати: знаењата на средношколците се зголемиле, а ставовите во однос на темите им станале попозитивни.
Во 2020 година направивме уште една евалуација и таа ни потврди дека ССО функционира!
Факт:
На Интернет може да се најдат секакви информации, па не може да се каже дека е релевантен извор. Ако поради пристапот до информации на Интернет не треба да имаме ССО во училиштата, тогаш не би требале да ги имаме ни другите предмети. Ама не е така, нели?
Факт:
63 % од учениците изјавиле дека по биологија учеле за заштита од ХИВ ама само 21 % од нив кажале дека учеле за употреба на кондом. Кондомот е најдостапната заштита од ХИВ денес, па бесполезно е да ги учиме младите за ХИВ и другите СПИ ако не учиме како да се заштитат од нив. Какво фајде имаме ако знаеме што е кондом, а не знаеме како се употребува? Површно, нели? Да не спомнуваме дека сексуалноста е многу повеќе од тоа како се користи кондом.
Факт:
ССО ги учи младите за здравје и за сексуалност, а тоа е многу повеќе од „секс“. ССО ги учи младите за телото и како тоа функционира и како да имаат здрави врски – пријателски и романтични. Преку ССО се учи и за безбедност, почит, љубезност, самоизразување, љубов, вредности, правата што секој од нас ги има за своето тело. ССО им помага на младите да си ги подобрат вештините за комуникација, носење одлуки, поставување и почитување на границите, да бидат емпатични и етични, да знаат како да се справат со одбивање, како да се грижат за своето тело и за своето здравје.
Башка, спротивно на верувањето, ССО помага младите да го одложат стапувањето во сексуални односи токму поради подобрата информираност. ССО исто така ги ослободува младите од притисокот од средината и од нивните врсници да влегуваат прерано во сексуални односи.
Факт:
Не. Сексуалната определба е вродена – не се учи ниту, пак, се избира. Од друга страна, насилството поради сексуална определба се учи – и мора да се одучи! Независно дали се случува во училишните ходници или онлајн по часовите.
Факт:
Брачниот и семејниот статус не се показател за сексуална писменост. Така, сите деца не се чувствуваат слободно да ги прашаат своите родители сè што ги интересира, па одговорите ги бараат во друштвото и на Интернет. И ги наоѓаат – само што најчесто се неточни. Истото важи и за родителите – не сите се чувствуваат пријатно да зборуваат на сите теми со своите деца, неретко и поради тоа што можеби ги немаат сите одговори – од проста причина што растеле без ССО.
Факт:
Сексуалното образование нема за цел да ги промени религиските верувања на децата, туку да им помогне да пораснат во одговорни, емпатични и добри луѓе. Родителите од сите вери и религии посакуваат само здравје и добросостојба за своите деца. А токму тоа може да се постигне доколку младите имаат пристап до точни информации за своето тело и начинот на кој тоа функционира и за тоа како да се грижат за своето здравје, како да градат здрави врски и како јасно да ги поставуваат личните граници.
ССО промовира почит, прифаќање, еднаквост и емпатија – вредности што не би требало да им се далечни и на најголемите верници.
Инаку, во некои земји со претежно католичка вероисповед на населението, религиозните институции сè повеќе поддржуваат некоја форма на сексуално образование во училиштата. Ова особено стана актуелно поради зголемениот тренд на сексуално насилство и злоупотреба на децата во светот и потребата да се заштитат.
Факт:
Родителите се најважната алатка во развојот на децата за време на пубертетот. Токму затоа сексуалното образование нема намера да го замени домашното воспитување ниту да им ги одземе правата на родителите во едукација на нивните деца.
Напротив, ССО би било продолжена рака на родителите во воспитувањето. Зошто? Па затоа што искуствата покажуваат дека сите деца не се чувствуваат слободно да ги прашаат своите родители сè што ги интересира, па одговорите ги бараат во друштвото и на Интернет. И ги наоѓаат – само што најчесто се неточни. Истото важи и за родителите – не сите се чувствуваат пријатно да зборуваат на сите теми со своите деца, неретко и поради тоа што можеби ги немаат сите одговори – од проста причина што растеле без ССО.
Факт:
Сексуалното образование би требало да започне дома уште од најмали нозе. Сексуалното образование почнува секојпат кога родителите ги почитуваат границите на децата кога велат дека не сакаат да се гушкаат или скокоткаат или кога им ги одговараат прашањата за тоа што е семејство или кога ги учат дека не е само розевата боја за девојчиња.
Кога децата учат сексуалното здравје и добросостојба на начин соодветен на нивната возраст, тие всушност учат за согласноста, како да се чувствуваат добро во своето тело, што значи да се биде добар другар, како да кажат „не“ кога нешто не им годи, учат за своето тело и здравје.
За да биде квалитетно и ефективно, сексуалното образование мора да ги има предвид развојните фази на децата, односно да биде прилагодено за секоја возраст. Исто како што и ССО кај нас е соодветно прилагодено за децата на возраст од 13 до 15 години.
Факт:
Сексуалното образование е подеднакво важно како и секој друг училиштен предмет – ако не и поважно! Можеби нема стандардизирани тестови за да видиме дали сите ученици научиле
сѐ што треба за контрацепција или за согласноста, но неспорно е дека преку ССО младите добиваат знаења што ќе им помогнат да живеат здраво и да
имаат здрави врски и односи!
Младите учат да носат информирани одлуки, да се грижат за своето тело и да се почитуваат себеси и другите. На општествено ниво, ССО помага да се справиме со зголемената стапка на сексуално преносливи инфекции, дискриминација и семејно и врсничко насилство.
Факт:
Меѓу младите постојат голем број предрасуди за негативните ефекти од апчињата. Главна причина: недоволната информираност или пристап до информации за застарени видови апчиња.
Покрај тоа што ефикасно ја спречуваат непланираната бременост, апчињата имаат и низа други позитивни ефекти: го олеснуваат проблемите со акните, ги ублажуваат симптомите на предменструалниот синдром (ПМС), менструацијата станува редовна, пократка и помалку болна, спречуваат овулација (ги чува јајце клетките), штитат од карцином на ендометриумиот и јајниците, од одредени типови рак на матката, како и од воспаленија што може да се јават на различни места во женскиот репродуктивен систем, а го намалуваат и ризикот од функционални цисти на јајникот. Во секој случај, пред употреба, задолжителна е консултација и преглед кај гинеколог.
Факт:
Луѓето со попреченост, како и сите други луѓе, имаат свои уникатни способности, интереси, искуства и аспирации. Тие ги имаат истите законски права како и сите други да живеат заедно, да стапат во брак или да влезат во граѓанско партнерство. Како и сите други, така и тие може да имаат или немаат потреба од сексуални односи. И кај лицата со попреченост постојат различни сексуални ориентации и родови идентитети, како и кај сите други. Асексуалноста може да биде појава, но не е правило.
Факт:
Абортусот во Македонија е дозволен.
Со новиот Закон за прекинување на бременоста, кој стапи на сила во 2019 година, девојките и жените кај нас можат слободно и самостојно да одлучуваат дали и кога ќе имаат деца, имаат право да добијат стручен совет само доколку самите побараат и не се присилени да чекаат 3 дена за да ја добијат здравствената услуга.
Плус, се воведува правото на медикаментозен абортус.
Факт:
Машките не сакаат постојано да имаат секс. Всушност, како и на женските, така и на машките им се менува сексуалната желба. Секој сексуален однос не мора да заврши со оргазам ниту, пак, мора да се има секс за да се доживее оргазам.
Факт:
Сексуалната желба не е иста со физичкиот одговор. Може да се има ерекција и без сексуална желба, но и обратно, да се има желба за секс, но да не може да се постигне ерекција.
Факт:
За врската да биде квалитетна, потребни се повеќе фактори, од кои меѓу најважните се комуникацијата, заемното почитување и исполнувањето на сексуалните желби на партнерите.
Факт:
Во ниту еден случај, никогаш, облеката или однесувањето на девојката не е покана/провокација за силување! Жртвата на насилство никогаш не е виновна за насилството што го доживеала. Едно чудо податоци добиени од центрите за помош на жртвите потврдуваат дека начинот на облекување и изгледот на жртвата не се пресудни за силувачот. Жртвите може да се облечени најскромно и повторно да станат жртви.
Факт:
Статистичките податоци од истражувањата, центрите за помош на жртвите и полициските извештаи покажуваат дека жртва на сексуален напад може да биде буквално секој без разлика на возраста, класата, етничката припадност, расата или степенот на образование. Девојките не се единствените на кои може да им се случи да бидат силувани, но точно е дека се под најголем ризик, што е последица единствено на родовата нерамноправност.
Факт:
Сексуално вознемирување се и непожелните пораки со сексуална конотација, сексуални гестикулации, фотографирање или покажување на фотографии од телото со сексуално значење без согланост, озборување и ширење гласини со сексуална конотација, закани, навредливи коментари со сексуална содржина…
Факт:
Меѓу силувачите има луѓе од сите професии, екстровертни и интровертни луѓе, богати и сиромашни, луѓе во брак и со деца. Истражувањата покажуваат дека само незначителен процент од извршителите на овој насилен чин имаат ментални нарушувања или емоционални проблеми. На сите нив им е заеднички начинот на кој ја изразуваат потребата за доминација и лутина – преку злонамерно нанесување емоционална и физичка болка на жртвите. Потребата за моќ, потребата за контрола и бесот се првенствените мотиви за силувањето, а сексуалноста е само начинот на кој се изразуваат.
Факт:
Истражувањата покажуваат дека во 90 % од случаите, злоупотребата се случува во најблиското опкружување и е сторена од лица познати на детето. Кога злоупотребата е во семејството, ризикот за нив е поголем – бидејќи потешко доаѓаат до поддршка и помош од страна.
Факт:
Училишта се обврзани со законите и мораат да имаат познавања од законските постапки за заштита на децата. Училишта се законски и морално одговорни да пријават какво било кршење на правата на децата, случаи на злоупотреба или занемарување.
Факт:
Секој има право да се согласи да има секс, но и да го смени мислењето за време на сексуалната активност или во натамошната врска кога не е подготвен или едноставно не сака да има секс. Ако денеска се согласите да имате секс, тоа не значи дека ќе сакате да имате секс и утре и тоа мора да се почитува.
Факт:
Ова е често распространета предрасуда дури и меѓу лицата кои не се хомофобични. Ниту секој хомосексуалец мора да е „феминизиран“, ниту секоја лезбијка мора да е „машкоданка“ и обратно. Проценката за туѓата сексуална ориентација направена врз основа на изгледот може да предизвика низа недоразбирања. Ова е и прв знак дека постои можност ваквиот „експерт“ за „препознавање“ на луѓето со хомосексуална ориентација да е неинформиран или да има предрасуди кон ЛГБТ лицата.
Факт:
Емоциите немаат род. Човечки е да се чувствуваш тажен, среќен, лут, заљубен, бесен, без разлика на полот или родот . Емоциите можат да зависат од повеќе фактори како кај мажите, така и кај жените. Плачењето не нѐ прави помалку мажи, како што ни ПМС-от не е секогаш причина поради која жените се вознемирени. Искажувањето на емоциите е здраво, а нивното потиснување може сериозно да го наруши нашето здравје без разлика на кој род или пол припаѓаме.
Факт:
Игнорирањето и одобрувањето на лошите постапки на момчињата и замолчувањето или засрамувањето за постапките кај девојчињата уште од мали нозе, се темелите врз кои почива родово нерамноправното општество. Двете постапки се штетни и по момчињата и по девојчињата.
Факт:
Бременоста се случува кога сперматозоидот ќе ја оплоди јајце-клетката. Во женското тело се создава само една јајце-клетка месечно, но спермата на машкото содржи околу 200 милиони сперматозоиди. А доволно е само еден да ја оплоди јајце-клетката. Ова може да се случи независно дали сексуалниот однос ти е прв, дали се случува за време на менструација, дали избегнувате одредени секс-позиции или дали ќе се истуширате по односот. Најефективниот начин да се спречи непланирана бременост е да се користи бариерно контрацептивно средство (кондом) и орална контрапцеција.
Факт:
Мастурбацијата е и безбедна и здрава сѐ додека ѝ годи на личноста што мастурбира. Мастурбацијата е многу често и е сосема нормална. Некои луѓе мастурбираат, некои не. Како и за сексуалниот однос, така и за мастурбацијата си постои соодветно место и време; на пример, во твојата соба со затворена врата или секаде каде што е доволно интимно или каде што се чувствуваш сигурно.
Факт:
Сексуално преносливите инфекции (СПИ) се пренесуваат преку телесните течности (оние што излегуваат од вагината и анусот, претсемената течност, спермата и крвта) , а понекогаш и преку допир со кожа (пр. херпес). Најефективниот начин да се спречи пренесување на СПИ е редовно да се тестираш (особено пред да имаш сексуален однос со нов партнер) и редовно да користиш заштита (кондом).
Факт:
Постојат кондоми во различни бои, форми и величини. Важно е да ти е удобно при сексуалниот однос, па можеби ќе треба да испробаш повеќе брендови додека да најдеш што најмногу ти одговара. Со исклучок на апстиненцијата, кондомот е и натаму најефективниот начин на заштита од сексуално преносливи инфекции и непланирана бременост. Башка, да бидеме искрени: колку е помал ризикот, толку е поголемо уживањето!
Факт:
Порнографијата е бизнис кој постои за да прави профит. Прикажува различни верзии од нечија фантазија со измислени ликови. А ова нема врска со искуствата на луѓето во вистинскиот живот. Во реалноста, сексуалниот однос подразбира интимност, заемна почит и јасна согласност – нешто што не постои во порнографијата.