Сеопфатното сексуално образование нѐ учи за здравје!
И ги учи младите дека секое прашање
заслужува одговор - точен, се разбира!
Со пилотирањето на сексуалното образование кај нас,
младите на возраст од 13 до 15 години конечно ќе добијат
одговор на следниве теми и прашања:
- Кои се разликите меѓу
момчињата и девојчињата? - Дали жените треба да имаат
исти права како и мажите? - Зошто жените се помалку
вреднувани од мажите? - Што се тоа сексуални ориентации?
- Зошто хомосексуалноста не е
прифатлива за општеството?
- Што треба да знам за ХИВ и сексуално преносливите инфекции?
- Како да се заштитам од сексуално преносливи инфекции?
- Како се употребува кондомот за да
се заштитам од инфекции и несакана бременост? - Зошто лицата кои живеат со ХИВ инфекција се дискриминирани?
- Зошто се важни пријателските врски во време на адолесценцијата и како
правилно да ги градиме? - Што е важно да се знае и
како да се однесувам за да
имам квалитетна романтична
и интимна врска? - Какви одговорности носат долготрајните врски и
живеењето во брак? - Како да се надминат проблемите кои се јавуваат за време на долготрајните врски и во бракот?
- Кои промени се јавуваат во пубертетот и зошто е ова важно?
- Како да кажам НЕ доколку не сакам да имам сексуален однос?
- Зошто физичкиот изглед не треба да биде најважното нешто
во мојот живот? - Што ги прави луѓето да се повеќе или помалку вредни
во едно општество? - Што е сексизам и зошто почесто жените се третирани како
сексуално попривлечни во списанијата и рекламите
од мажите?
- Што е тоа сексуалност и како луѓето ја искажуваат сексуалноста?
- Како да се чувствувам задоволен во интимните и партнерските врски и како се манифестира задоволството?
- Дали сексуалното задоволство
е поврзано само со
сексуалните односи? - Зошто е важно да се почитуваат различните начини преку кои луѓето ја изразуваат сексуалноста? Што е нормално, а што не е?
- Зошто мастурбацијата е нормално однесување за луѓето?
- Како да препознаеме насилство и
кому да се обратиме? - Што е прифатливо однесување,
а што не е во една врска? - Што значи да се даде согласност
за да се има сексуален
однос со некого? - Како да се заштитиме од насилството на интернет и
од сексуално насилство?
- Каде да побарам помош да го заштитам сексуалното и репродуктивно здравје?
- Кои се правата на луѓето поврзани за нивната сексуалност и
како да препознам кршење
на овие права? - Што е хомофобија и зошто е неприфатливо хомофобичното малтретирање?
- Кои вредности во животот придонесуваат за поголема еднаквост меѓу луѓето и за прифаќање на различностите
во врска со сексуалното
и репродуктивното
здравје и права?