Прашај CCO eдукатор
Ова е простор каде што сите млади можат да ги постават прашањата што им се мотаат низ глава во врска со нивната сексуалност и
сексуално и репродуктивно здравје – од контрацепција и сексуално преносливи болести, па до абортус, сексуална ориентација и булинг.
Еве неколку:
– Точно е дека на пакувањата на кондомите пишува дека се 97 % сигурни бидејќи има низа причини коишто влијаат на ефективноста. Доколку кондомот не се чува на соодветна температура и место, доколку се користи по изминат рок или со погрешен лубрикант, ефективноста ќе биде намалена. За кондомот да биде 100 % сигурен, треба да се води грижа за овие работи и правилно да се употребува.
– Како и машкиот, така и женскиот оргазам зависи од многу фактори: расположение, лубрикација, техники, со кого имаме односи, што правиме во моментот и слично. Постојат и медицински проблеми кои го прават оргазмот невозможен или многу тежок за достигнување, но непостоењето на оргазмот во еден сексуален однос не значи дека сексуалниот однос не бил добар. Интензитетот на оргазмот не се намалува со бројот на оргазми, но телото може да се навикне на еден начин на добивање оргазам, па потоа да биде малку потешко да се стигне до него. Добар совет е да се пробуваат различни техники за да се дојде до оргазам. Секој оргазам е различен.
– СИДА не се пренесува, СИДА е синдром кој што е предизвикан од вирус наречен ХИВ, а ХИВ не се пренесува преку плунка. ХИВ се пренесува само преку следниве течности: крв, вагинален секрет, семена течност, претсемена течност и мајчино млеко.
– Не може бидејќи се работи за габична инфекција и овие инфекции не предизкуваат неплодност. Тоа е само мит.
– Причината може да биде психолошка, односно поради стрес и замор. Доколку не е тоа и се работи за здравствена причина, најдобро е да се посети уролог или дерматовенеролог. На пример, во младинските центри „Сакам да знам“ каде што сите услуги се бесплатни и доверливи.
– Поминати се веќе 3 години од донесувањето на новиот променет и полиберален закон за прекинување на бременоста, но кај нас и натаму медикаментозниот абортус постои само во форма на пилот-програма што ја спроведува ХЕРА. Достапен е само на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и не е бесплатен.
– Митот дека пилулата или спиралата може да доведат до неплодност е доста раширен, но сепак е само мит. Нејсе, како и секое хормонско средство, и овие две можат да имаат нус појави и токму затоа треба да се земаат само со претходна консултација со доктор.
– Итната контрацепција, уште позната и како „План Б“, функционира како и другите апчиња за контрацепција наменети за да се спречи забременување.
Aктивната состојка на итната контрацепција е синтетичкиот хормон наречен левоноргестрол. Хормонот спречува да дојде до овулација, односно оплодување на јајце клетката. Доколку се случи оплодување, итната контрацецпија ја спречува оплодената јајце клетка да се залепи на матката. Доколку се вгради во матката пред да се земе ова контрацептивно средство, тогаш нема да функционира и бременоста ќе си продолжи по својот тек. Aко се земе во рок од 72 часа по незаштитен секс, може да го намали ризикот од непланирана бременост до 89 %.
Не се препорачува како постојан облик на контрацепција бидејќи не е толку ефикаснa во спречување на бременост како другите методи како што се кондомот, спиралата и оралната контрацепција. Покрај тоа, како и секое апче, може да има последици: повраќање, главоболки, вртоглавица, осетливи гради или задоцнета менструација.
– ПрЕП е кратенка од предекспозициска профилакса, што значи земање на таблети (антиретровирусна терапија) кај ХИВ-негативните лица за да се спречи пренос на ХИВ пред изложувањето на сексуален ризик од ХИВ. ПрЕП е високоделотворна во превеницијата од ХИВ кога се зема како што е пропишано и во задолжителна консултација со здравствен работник.
ПрЕП кај нас е достапна преку пилот-програма која започна во 2021 година за лица кои се изложени на особен ризик од ХИВ и се над 18 години.
Прашањата ги одговараат нашите акредитирани врснички едукатори и едукаторки од ХЕРА Млади кои радо зборуваат на која било тема од ССО! Ако имаш уште некое, пиши го на seksualnoobrazovanie@hera.org.mk.
И без гајле – колку што ни се важни фактите, толку ни се важни и доверливоста и анонимноста!