Младински центри „Сакам да знам“

Знаеш ли дека во Скопје постојат пријателски младински центри каде што можеш да добиеш бесплатни и доверливи услуги за сексуално и репродуктивно здравје?

Тоа се младинските центри „Сакам да знам“ на ХЕРА на Водно, Шуто Оризари и во Куманово.

Младински центар „Сакам да знам“ – Водно

Ул. Елисие Поповски Марко бр.2 02/3176-950

Понеделник Вторник Среда Четврток

Советувалиште за заштита од ризици и употреба на супстанции
14.30 – 17.30

Советување и тестирање за ХИВ
15.00 – 18.00

Дерматовенеролог
15.00 – 18.00

Гинеколог
15.00 – 18.00

Советување и тестирање за ХИВ
15.00 – 18.00

Советувалиште за заштита од ризици и употреба на супстанции
14.30 – 17.30

Советувалиште за заштита од ризици и употреба на супстанции
14.30 – 17.30

Советување и тестирање за ХИВ
16.00 – 19.00

Психолог
16.00 – 19.00

Младински центар „Сакам да знам“ – Шуто Оризари

Ул. Индира Ганди бб (Здравствен дом во Шуто Оризари) 02/2651-955

Понеделник Вторник Среда Четврток Петок

Правник
9.00 – 16.00

Социјален работник
9.00 – 16.00

Правник
9.00 – 16.00

Социјален работник
9.00 – 16.00

Советување и тестирање за ХИВ
13.00 – 16.00

Правник
9.00 – 16.00

Социјален работник
12.00 – 19.00

Гинеколог
16.00 – 19.00

Правник
9.00 – 16.00

Социјален работник
9.00 – 16.00

Дерматовенеролог
16.00 – 19.00

Правник
9.00 – 16.00

Социјален работник
9.00 – 16.00

Младински центар „Сакам да знам“ – Куманово

Ул. Бранко Богдански – Гуцман, Амбуланта „Гоце Делчев“, кат 2, 1300 Куманово 078 736 819

Понеделник Среда Четврток Недела

Врсничко информирање за сексуалното и репродуктивното здравје
13.00 – 15.00

Врсничка едукација за сеопфатно сексуално образование
13.00 – 15.00

Психолог
14.00 – 17.00

Тематски филмски проекции + дискусија
20.00 – 22.00

(секоја последна недела во месецот)

Термин можеш да закажеш и на +389 (0)2 3290 395, и електронски на hera@hera.org.mk (за тестирање за ХИВ на hivtest@hera.org.mk).

Кога е здравјето во прашање, не треба да се чека!

Преку нив ги даваме следните бесплатни и доверливи услуги:

– Дијагностика на сексуално преносливи инфекции (гонореја, сифилис, хламидија,  трихомонијаза, кандида) преку ПАП-тест и други микробиолошки тестови;
– Администрирање терапија и контрацепција (кондоми, спирала, орална и итна контрацепција);
– Советување за планирање родителство и превенција на непланирана бременост, бимануелен преглед и ЕХО преглед, тестови за бременост.

– Крио-терапија за кожни промени и кондиломи и друг тип на терапија наменета за кожни промени;
– Дијагностика и терапија за сексуално преносливи инфекции (гонореја, сифилис, трихомонијаза, хламидија);
– Советување за превенција на сексуално преносливи инфекции (гонореја, сифилис, трихомонијаза, хламидија).

  • Тестирање и советување за ХИВ

– Информации и советување за добивање документи за лична идентификација;
– Информации и советување за социјални права (социјална заштита, пензиско и инвалидско осигурување);
– Контакти/средби со/во институции/организации во име на клиент;
– Информирање и придружување во соодветна социјална институција за остварување на одредено право;
– Советување за социјално вклучување и справување со кризни ситуации;
– Информирање и советување за здравствени права (права на пациенти, здравствена заштита, здравствено осигурување);
– Советување и поддршка поврзана со родовобазирано насилство, вклучително и семејно насилствo;
– Психо-социјални советувања: советување за сексуалност, сексуални врски, врски; пубертет (телесни и психички промени), меѓуврснички релации и конфликти, промени и криза во адолесценција; психолошка поддршка во справување со кризи; советување за малолетнички бракови и малолетничка бременост; бихевиорално советување.

– Информирање за тоа како и каде може да се направи ХИВ-тест;
– Информирање за тоа каде може да се разговара или пријави одреден проблем или потреба поврзана со сексуалното и репродуктивното здравје;
– Информирање за услугите што ги нудат младинските центри „Сакам да знам“ во Скопје и во Куманово;
– Информирање во врска со врсничките едукации за сеопфатно сексуално образование

  • Врсничкo информирање за сеофатно сексуално образование (предводени од страна на сертифицирани обучувачи)

  • Правна помош и поддршка од правен советник и параправници од ромската заедница

  • Дистрибуција на кондоми, лубриканти и едукативни материјали

  • Советување за превенција на употреба на дроги