Сеопфатното сексуално образование нѐ учи за здравје!
И ги учи младите дека секое прашање
заслужува одговор - точен, се разбира!

Со пилотирањето на сексуалното образование кај нас,
младите на возраст од 13 до 15 години конечно ќе добијат
одговор на следниве теми и прашања:
  • Кои се разликите меѓу
    момчињата и девојчињата?
  • Дали жените треба да имаат
    исти права како и мажите?
  • Зошто жените се помалку
    вреднувани од мажите?
  • Што се тоа сексуални ориентации?
  • Зошто хомосексуалноста не е
    прифатлива за општеството?
  • Што треба да знам за ХИВ и сексуално преносливите инфекции?
  • Како да се заштитам од сексуално преносливи инфекции?
  • Како се употребува кондомот за да
    се заштитам од инфекции и несакана бременост?
  • Зошто лицата кои живеат со ХИВ инфекција се дискриминирани?
  • Зошто се важни пријателските врски во време на адолесценцијата и како
    правилно да ги градиме?
  • Што е важно да се знае и
    како да се однесувам за да
    имам квалитетна романтична
    и интимна врска?
  • Какви одговорности носат долготрајните врски и
    живеењето во брак?
  • Како да се надминат проблемите кои се јавуваат за време на долготрајните врски и во бракот?
  • Кои промени се јавуваат во пубертетот и зошто е ова важно?
  • Како да кажам НЕ доколку не сакам да имам сексуален однос?
  • Зошто физичкиот изглед не треба да биде најважното нешто
    во мојот живот?
  • Што ги прави луѓето да се повеќе или помалку вредни
    во едно општество?
  • Што е сексизам и зошто почесто жените се третирани како
    сексуално попривлечни во списанијата и рекламите
    од мажите?
  • Што е тоа сексуалност и како луѓето ја искажуваат сексуалноста?
  • Како да се чувствувам задоволен во интимните и партнерските врски и како се манифестира задоволството?
  • Дали сексуалното задоволство
    е поврзано само со
    сексуалните односи?
  • Зошто е важно да се почитуваат различните начини преку кои луѓето ја изразуваат сексуалноста? Што е нормално, а што не е?
  • Зошто мастурбацијата е нормално однесување за луѓето?
  • Како да препознаеме насилство и
    кому да се обратиме?
  • Што е прифатливо однесување,
    а што не е во една врска?
  • Што значи да се даде согласност
    за да се има сексуален
    однос со некого?
  • Како да се заштитиме од насилството на интернет и
    од сексуално насилство?
  • Каде да побарам помош да го заштитам сексуалното и репродуктивно здравје?
  • Кои се правата на луѓето поврзани за нивната сексуалност и
    како да препознам кршење
    на овие права?
  • Што е хомофобија и зошто е неприфатливо хомофобичното малтретирање?
  • Кои вредности во животот придонесуваат за поголема еднаквост меѓу луѓето и за прифаќање на различностите
    во врска со сексуалното
    и репродуктивното
    здравје и права?